• Плаќајте со картичките Visa отсега со Google Pay™

    Брзо. Лесно. Сигурно.

Основни информации

Плаќајте со картичките Visa и Google Pay™

Google Pay™ е брз и лесен начин на плаќање со вашата картичка Visa, без разлика дали плаќате во продавница или онлајн.

За да ја активирате услугата Google Pay™ со картичката Visa потребно е да:

  • го отворите Google Play Store на вашиот телефон
  • ја најдете и преземете апликацијата Google Wallet™
  • ја поставите вашата картичка Visa како прв избор за плаќање во апликацијата Google Wallet™*

За корисниците на картичките Visa, Google Pay™ во моментов е достапен за картички што се издадени од следниве банки: NLB Банка, Стопанска банка АД Скопје и Комерцијална банка.

*Неопходно е телефонот да има инсталиран оперативен систем Android (Lollipop 5.0 или понова верзија) и да поддржува NFC технологија.


Како се користи услугата

Брзо. Лесно. Сигурно.

Smartphone in hands

Активирајте ја апликацијата или посетете ја веб-страницата

Откако ќе ја преземете апликацијата Google Wallet™, отворете ја и изберете дали внесувате дебитна или кредитна картичка.

Како да ja додадете своjата картичка Visa

Додајте ја вашата картичка Visa

Фотографирајте ја вашата картичка со апликацијата Google Pay™ или внесете лични податоци и информации за картичката. Потврдете го вашиот идентитет со внесување на кодот што ќе го добиете преку СМС.

Како да платите со Google Pay?

Почнете со пазарење

Откако ќе ја внесете вашата картичка Visa како прв избор во Google Wallet™, подготвени сте да пазарите! Плаќајте побрзо и посигурно во продавници и на интернет. Само доближете го уредот до ПОС-терминалот за да извршите плаќање. Картичката ќе се прикаже на екранот, а потоа ќе добиете потврда за успешна трансакција.


Безбедност, придобивки и заштита

stack of credit cards

Плаќајте брзо, лесно и сигурно

Со Google Pay™ сега можете да плаќате брзо, лесно и сигурно преку телефон, бесконтактно или онлајн.

woman in clothes shop using mobile

Не грижете се!

Вашите плаќања и вашите податоци се заштитени на неколку нивоа:

  • Ако вашиот телефон е изгубен или украден, секогаш можете да го заклучите и да ги избришете податоците користејќи ја опцијата „Најди го мојот уред“
  • Може двапати да го допрете уредот до ПОС-терминалот, но системот нема да дозволи двојно плаќање

hands holding mobile

Картичката Visa насекаде со тебе

Откако ќе го активирате Google Pay™ со вашата картичка Visa, плаќањето е лесно. Вашата картичка Visa останува во дигитална форма на вашиот телефон, паметен часовник или таблет.

Ова ви овозможува да плаќате во продавница и онлајн со помош на уредите што веќе ги носите со себе, а паричникот можете да го оставите дома.


Банки што поддржуваат Google Pay™

Услугата Google Pay™ во Северна Македонија е достапна за сите корисници на Visa картички издадени од NLB Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје.

NLB Bank logo
A logo of the Commercial Bank

Прашања и одговори

Одговори на најчесто поставуваните прашања

Android, Google Pay and the Google logo are trademarks of Google LLC.